СДСМ нема да се врати во Парламентот

Потпретседателот на Собранието и пратеник на СДСМ Јани Макрадули изјави денеска дека партијата не се враќа во законодавниот дом се додека не биде даден соодветен одговор на нивните барања. Според Макрадули клучот за решеавање на политичката криза е кај премиерот Никола Груевски.
Макрадули смета дека на вчерашната прес конференција Груевски покажал дека нема намера да ги прифати условите за воспоставување дијалог и за распишување на предвремени избори.