Марш во Индија против цените на храната и невработеноста

Илјадници луѓе денеска во главниот град на Индија се придружија на маршот организиран од трговските здруженија, кои протестираат против зголемувањето на цените на храната и невработеноста во земјата.
Според индискиот новински сервис демонстрантите марширале до плоштадот во центарот на градот.
Полицијата соопшти дека повеќе од 20 илјади полицајци биле распоредени за да ја контролираат толпата.