Вељаноски не се откажува од повиците за дијалог

Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски

Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски по координативната средба на која повторно не дојде опозицијата изјави денеска дека и натаму ќе повикува на дијалог и разрешување на спорните прашања за кои најдобро е да се расправа во законодавниот дом.
Вељаноски најави дека на координативната средба во петок ќе стане збор за три прашања, кои се дел од барањата на опозицијата.