На протестите во Јемен-најмалку еден загинат

Немирите на протестите во Јемен

Приврзаниците на властите и полицијата во Јемен застрелале и убиле најмалку еден демонстрант за време на протестите во главниот град. Демонстрантите бараат да се стави крај на 32 годишниот режим на Претседателот Али Абдула Салех и се жалат на корупцијата и сиромаштијата во земјата.
Според соопштенијата на болниците за време на вчерашниот напад на еден камп на демонстрантите во близина на универзитетот во Сана биле повредени 11 луѓе.