Ставревски-предвремените избори ќе ја решат политичката криза

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски изјави денеска дека парите што и се потребни на Државната изборна комисија за одржување на предвремени парламентарни избори ќе бидат обезбедени од буџетот. Според Ставревски бојкотот на Парламентот од страна на опозицијата создава вештачка криза. Ставревски смета дека со предвремените избори ќе биде решена кризата и ќе се реализираат реформите.