Ирачки емигрант во САД изврши „убиство од чест“

Ирачки емигрант извршил таканаречено „чесно убиство“ во САД. Фалех Хасан Алмалеки со автомобил ја прегазил 20 годишната ќерка Нор затоа што одбила договорен брак, се запишала на факултет и живеела со момче. Аламалеки потоа побегнал во Мексико па во Британија каде што е уапсен. Тој се соочува со казна затвор од 17 до 44 години.