Хаг: пресуда за српскиот генерал Ѓорѓевиќ

Властимир Ѓорѓевиќ

Хашкиот Трибунал денеска ќе ја изрече пресудата за пензионираниот генерал на полицијата на Србија Властимир Ѓорѓевиќ, обвинет за воени злосторства против човештвото и прекршување на законите и обичаите на војување за време на конфликтот на Косово. Обвинителите во завршното обраќање побараа на поранешниот српски помошник министер за внатрешни работи да му биде изречена казна од 35 години или доживотен затвор.