Расте бројот на загинати од земјотресот на Нов Зеланд

Бројот на загинатите во земјотресот што вчера го погоди градот Крајстчрч на Нов Зеланд се зголеми на 75, соопшти премиерот Џон Ки. Градоначалникот на вториот по големина град во државата, Боб Паркер изјави дека на списокот на исчезнати се наоѓаат имињата на 300 луѓе, но предупреди оти не се знае колку лица се затрупани под зградите кои се урнати.