Пацоли избран за нов Претседател на Косово

Косовскиот Парламент

Кандидатот за Претседател на Косово и лидер на Алијансата за ново Косово Беџет Пацоли денеска е избран за нов шеф на државата по третото гласање на Собранието. За изборот на Пацоли позитивно гласале 62 пратеници. По неуспешниот втор круг коалицијата на премиерот Хашим Тачи за време на паузата на Собранието успеа да ги собере потребните гласови.
За да биде избран за Претседател во третиот круг на Пацоли му беа потребни 61 глас. Пред гласањето законодавниот дом го напуштија пратениците од Демократскиот сојуз на Косово и движењето „Самоопредување“.