ЕУ бара Моладавија да спроведе реформи во судството

ЕУ денеска ја повика Молдавија да спроведе реформи во судскиот систем за да ја осигура помошта од 505 милиони евра. Шефот на европската делегација во земјата Дирк Шуебел изјави декаУнијата ќе го стимулира буџетот на Молдавија само доколку биде постигнат напредок во судството. Според него, реформите се важни, бидејќи другите сектори во земјата зависат од нив.
Врз основа на програмата на ЕУ за 2011 до 2013 година Кишињев мора да спроведе реформи со кои ќе се запре корупцијата и ќе се подобри инвестиционата клима во земјата.