Евроинтеграцијата на Македонија ја подржуваат 90 насто граѓани

Околу 90 насто од македонските граѓани ја подржуваат интеграцијата на земјата во ЕУ, според последното истражување на Стандард Евробарометар, кое е спроведено во периодот од 11 ноември до 1 декември минатата година во членките на Унијата и земјите кандидатки. Во анкетата учествувале 30 780 испитаници. Членството во Унијата околу 59 насто го сметаат за добра работа, а 56 насто имаат позитивна слика за европското семејство. Најголем проблем во Македонија според 66 насто од анкетираните и натаму е невработеноста.