Спасена група на илегални имигранти кај островот Лефкада

Грчката крајбрежна стража спасила околу стотина илегални имигранти од брод кој тонел крај островот Лефкада во Јонското море. Според полицијата имигрантите, меѓу кои имало и жени и деца се претпоставува дека се од Авганистан, а оделе во Италија. Еден русин и двајца украинци притоа се уапсени, поради соменвање дека се занимавале со криумчарење на луѓе.