ЕП бара членовите на косовската влада да бидат чисти пред законот

Косовскиот премиер Хашим Тачи

Известувачот на Европскиот Парламент за Косово Улрикие Луначек по денешната средба со косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека членовите на идната влада на земјата мора да бидат чисти пред законот. Тачи пак ветил реформа на изборниот закон на Косово, поради нерегуларностите на декемврсиките парламентарни избори.
Според Луначек Тачи ќе се заложи лицата кои го прекршиле законот за време на изборите да бидат казнети.