Шеесетмина настрадани во земјотрес во Нов Зеланд

Повеќе од шеесет лица настрадале во земјотрес со сила од 6.3 степени кој го потресе градот Кристчерч во јужниот дел на Нов Зеланд. Потресот исто така предизвикал материјална штета а моментално во градот е прекинато снабдувањето со вода и електрична енергија. Ова е втор земјотрес кој во псоледниве пет месеци го погоди југот на Нов Зеланд.