Нема да има трка на Формула 1 во Бахреин

Бахреинското гранд при е откажано поради анти-владините протести во земјата. Трката во шампионатот на Формула 1 требаше да се одржи на 13 март, но по една недела размислување првите луѓе на организацијата решија Бахреин да биде тргнат од календарот за овогодинешната сезона.
Околу 10 илјади демонстранти денеска протестираат во главниот град на Бахреин, Манама за оставка на владата.