Во воздушен напад на НАТО во Авганистан загинало семејство

Урната куќа по денешниот воздушен напад на НАТО во Нангахар

Авганистанските власти соопштија дека во воздушен напад на НАТО против група на бунтовници загинало едно шест члено семејство. Според локалните власти во нападот во покраината Нангахар биле убиени и тројца талибанци.
Нападот е ден по изјавата на Претседателот Хамид Карзаи кој ги обвини НАТО силите дека убиле повеќе од 50 цивили во покраината Кунар.