Убиени седум војници во Азербеџан

Војник на азербеџанската армија

Азербеџанските власти соопштија дека еден војник застрелал седум негови колеги. Според заедничкото соопштение на министерството за одбрана и военото обвинителство отворена е истрага за инцидентот кој се случил во регионот Гоигол.
Таквите случаи не се несекојдневни во азербеџанската армија. Последниот сличен инцидент беше во јануари, кога двајца војници убија четворица нивни колеги.