Американски ракетен напад во Пакистан

Четворица милитанти загинале во ракетен напад извршен од американско беспилотно летало во пакистански регион што се граничи со Авганистан. Според разузнавачки извори, три ракети биле истрелани врз една куќа во Каза Панга во Јужен Вазиристан.