Суданскиот претседател нема да се кандидира

Суданскиот претседател Омар Хасан ал Башир

Суданскиот претседател Омар Хасан ал Башир нема да да се кандидира на претстојните претседателски избори. Претставник на владејачката партија изјави дека тоа било дел од најавените реформи за демократизација на земјата. Башир е единствениот актуелен шеф на држава кој е обвинет од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства и за геноцид во регионот Дарфур.