Груевски најави можност од предвремени избори

Премиерот Никола Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски најави дека би можел да распише предвремени избори. Во интервју за телевизијата Сител тој го повика лидерот на опозицискиот СДСМ Бранко Црвенковски да дојде во парламентот за да се изгласа законот за изборите. ,,Ова што сега го прави опозицијата ни штети на надворешен план и го урива угледот на државата,, изјави Груевски.