Американска амбасадорка ги повика арапските лидери да спроведат реформи

Протестите во Јемен

Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс изјави денеска дека арапските лидери соочени со масовните протести треба да спроведат реформи, а не да им се противат. Таа на телевизијата Ен Би Си негираше дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ги напуштила своите сојузници на Блискиот исток. Според Рајт САД им вршеле притисок на сојузниците на Блискиот исток да не користат насилство на протестите и побарале да воспостават демократија во земјите.