Отворени банките во Египет

Протестите на Тахрир плоштадот во Египет

Банките во Египет се повторно отворени денеска, откако привремено престанаа со работа поради штрајкот на работниците и протестите во земјата. Банките затворија кога започнаа немирите на 18 дневните протести за соборување на режимот на Претседателот Хосни Мубарак. Кратко беа отворени кога Мубарак поднесе оставка на 11 февруари, а во минатата недела повторно прекинаа да работат, бидејќи вработените се придружија на протестите за добивање на повисоки плати и услови за работа.