Хјуман Рајтс Воч-најамалку 105 загинати на протестите во Либија

Застрелан демонстрант за време на протестите во Либија


Хјуман Рајтс Воч соопшти дека најмалку 105 лица загинале во Либија од почетокот на анти-владините демонстрации во земјата. Војската наводно отворила оган кон демонстрантите во источниот град Бенгази, кој е епицентарот на демонстрациите против режимот на Претседателот Моамер Гадафи, кој е 40 години на власт. Според сведоците војската со снајпери од покривите на зградите пукала кон демонстрантите.