Министрите на Г20 се договорија за економските дисбаланси

Земјите членки на групата Г20 се договорија кои индикатори ќе се користат во мерењето и борбата против економските дисбаланси во глобалната економска криза. Францускиот министер за економија Кристин Лагард која ги водеше денешните преговори во Париз изјави дека тие биле искрени и од време на време тензични. Според неа тие се согласиле за долговите и дефицитот, заштедите и инвестициите и мешавина од трговски биланс и салдо на постоечките инвестиции да бидат употребени како клучни индикатори.
Министрите од Г20 кои сочинуваат 85 насто од светската економија се сретнаа да разговараат за индикаторите за следната фаза од стратегијата на економската политика за да не се повтори глобалната финансиска криза од 2008 година.