Расте бројот на загинати при нападот на банка во Авганистан

Бројот на загинати при нападот на Кабул банката во источниот дел на Авганистан се искачи на 18 лица. Според локалните власти околу 70 луѓе биле повредени за време на нападот во Џалалабад, главниот град на покраината Нангахар, меѓу кои има цивили, полицајци и авганистански војници. Кабинетот на Претседателот Хамид Карзаи соопшти дека тројца бомбаши самоубијци го извршиле нападот. Талибанците ја презедоа одговорноста и според нив мета на нападот биле авганистанските сили, кои биле во банката за да ја подигнат нивната плата.