Тројца загинати при напад на банка во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека вооружена група на мажи убила најмалку три лица во Кабул банката во источниот дел на земјата. Според докторите од локалната болница околу 60 луѓе биле повредени за време на нападот во Џалалабад главниот град на покраината Нангахар, меѓу кои има цивили, полицајци и авганистански војници. Кабинетот на Претседателот Хамид Карзаи соопшти дека тројца бомбаши самоубијци го извршиле нападот. Талибанците ја презедоа одговорноста и според нив мета на нападот биле авганистанските сили, кои биле во банката за да ја подигнат нивната плата.