Најмалку 4 лица погубени во Иран оваа недела

Јавните бесења во Техеран се сепак ретки

Најмалку 4 лица обвинети за шверц со дрога се погубени неделава во иранскиот град Керман, пишува иранскиот печат. Од почетокот на оваа година 75 лица се погубени во Иран, повеќето со бесење.
Смртна казна во Иран може да се добие за убиство, силување, вооружен напад, шверц со дрога и прељуба.