Хрватскиот Претседател бара од владата да ги спроведе реформите

Владата на хрватскиот премиер Јадранка Косор нема добро да помине на изборите, доколку не спроведе реформи, а на земјата и се закануваат дестабилизација и депресија, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, истакнувајќи дека тој како шеф на државата ќе се залага предвидените реформи да се спроведат до крај.
Јосиповиќ изјави дека ќе инсистира на реформи, бидејќи економските реформи се нужни и без нив нема излез од кризата во Хрватска, која се заканува со дестабилизација, во политичка и социјална смисла.