Собранието ги отвори уставните измени за Судскиот Совет

Собрание на РМ

Комисијата за уставни прашања на денешната седница ги усвои текстот на нацрт на амндаманот 32 на Уставот на Република Македонија и констатира потреба за уставни измени во делот на составот на Судскиот совет и Државниот завод за ревизија.
Роза Топузовска Каревска од ЛДП, единствената опозициска партија во Собранието, побара да не се одржува расправа за нацрт текстот на амандманот до враќањето на опозиција, на што претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски одговори дека тој неколкупати ги повикал опозициските пратеници да се вратат и апелирал до лидерот на СДСМ да ги пушти да дојдат барем на седницата за уставните измени.
„Не мислам да бидам заложник на лидер на партија кој сака да ја турне државата во криза. Ќе продолжам со работа и со апелите. Верувам дека апелот ќе вложи со плод и ќе преовладува разумот кај пратениците“, изјави Вељановски, кој претседава со оваа Комисија.