Можност за нови насилства во Бахреин

Анти-владини протести во Манама, Бахреин

Денеска во Бахреин е погребот на четворицата демонстранти кои загинаа за време на протестите. Аналитичарите стравуваат дека денешниот настан може да доведе до уште една пресметка со владините сили. Демонстрантите беа убиени кога безбедносните сили се обидуваа да ги истераат од плоштадот во главниот град Манама.
Армијата која контролира поголем дел од квартовите во Манама ги предупреди луѓето да се држат настрана од центарот на градот.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека насилството во Бахреин е длабоко вознемирувачко и ги повика регионални лидери да спроведат реформи. И американскиот државен секретар Хилари Клинтон повика на ставање крај на насилството.