ОН повикува на смирување на насилството во Бахреин

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска повика насилството да не се користи против мирните демонстрации во Бахреин, како и на протестите во Блискиот Исток и Северна Африка. Тој побара одговорните да бидат уапсени. Потпаролот на Пентагон Дејв Лапен изјави денеска дека Бахреин е долгогодишен сојузник на САД, но ги повика властите на земјата да покажат воздржаност.
Војската во Бахреин претходно соопшти дека ја презела контролата на клучните места во главниот град и забранила одржување на собири за да се воспостави јавен ред и мир во земјата.