Советот на Европа ќе му помага на Тунис?

Протестите во Тунис

Турција сака Советот на Европа да земе учество во политичките промени во Тунис, соопштија турските медиуми. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу со генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јангланд во наредната недела ќе го посетат Тунис, при која се очекува организацијата да објави дека ќе и помогне на земјата во реформите. Од советот чиј ротациски претседавач е Турција најави дека можеби ќе бидат вклучени и во формирањето на новиот устав на Тунис.