Медведев се сретна со папата Бенедикт 16

Рускиот претседател Дмитри Медведев и папата Бенедикт 16

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска се сретна со папата Бенедикт 16 во Ватикан. Тоа е прва посета на еден руски лидер на Ватикан по воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји во 2009 година. Ватикан соопшти дека на средбата меѓу Медведев и папата биле поздравени добрите билатерални односи и била изразена подготвеноста за нивно зајакнување. Според Ватикан бил даден и акцент на позитивниот придонес на меѓурелигискиот дијалог за општеството.