Иранскиот суд го одби барањето за егзекуција на опозициските лидери

Опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби

Иранскиот суд денеска ги отфрли барањата за апсење и егзекуција на двајцата опозициски лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби. Приврзаниците на владата, законодавците и членовите на неколку свештенички кругови го доставија барањето поради опозициските протести во понеделникот.
Ајатолахот Садек Амоли Ларијани изјави дека судот ќе го прегледа случајот, но дека истрагата ќе биде извршена според законот. Мусави и Каруби ги повикаа нивните приврзаници да излезат на протести во знак на солидарност со анти-владините демонстрации во Египет.
Властите го забранија протестот, но сепак илјадници опозициски активисти протестираа и извикуваа слогани против режимот во Иран.