Шефот на грчката дипломатија наскоро во Њујорк

Друцас и Милошски

Кипарското прашање, проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и Турција и потребата од придвижување на блискоисточниот мировен процес, беа меѓу главните теми на средбата на шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Грција, Вилијам Хејг и Димитрис Друцас во Лондон, соопшти Форин офисот.
Грција смета дека решавањето на проблемот со поделениот остров и натаму останува најголемиот предизвик за Атина.
Во обид да се поттикне решавањето на ова прашање, Друцас веќе престојуваше во Никозија, а по разговорите во Лондон, ќе го посети Њујорк, каде треба да се сретне со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Според двете страни, на оваа средба, Хејг и Друцас не зборувале за спорот околу името на Македонија, како и за стартот на преговорите за членство во ЕУ меѓу Скопје и Брисел. Грчки извори во Лондон потврдуваат дека за спорот околу името Друцас ќе разговара на средбата со Бан во Њујорк