Јеремиќ: Истрагата за трговијата со човечки органи не треба да биде исклучок

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ побара од Обединатите Нации да спроведе меѓународна истрага за наводите во извештајот на изветувачот Дик Марти за инволвираност на премиерот на Косово во трговијата со човечки органи во 1999-тата година. Во својот говор во Советот за безбедност во Њујорк изјави дека постојано се прават истраги обвинувања за воени злосторства на Балканот и дека обвинувањата за трговија со органи на Косово не треба да биде исклучок.