Судири на полицијата и демонстрантите во Бахреин

Повреден маж во судрите меѓу полицијата и антивладините демонстранти во Бахреин

Опозицските партии во Бахреин соопштија дека најмалку 2 лица загинале и над 50 луѓе се повредени при судирите на полицијата со демонстрантите во главнот град Манама.Полицијата употребувала солзавец и гумени куршуми за да ги разбрка стотиците насобрани демонстранти на плоштдот. Опозицискиот пратеник Ибрахим Матар изјави дека во болница има голем број луѓе кои се наоѓаат во критична здраствена состојба по судирите.