Џафери-инцидентот на Кале нема да ја наруши политичката состојба

Муса Џафери, министер за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери изјави денеска дека коалиционите партнери ќе вложат енергија и волја за да бидат зачувани меѓуетничките односи, а инцидентот на Кале нема да ја наруши политичката состојба.
Според Џафери динамиката на меѓуетничките односи може да се провоцира во некои моменти и сите се свесни дека не треба да се случуваат такви работи.