Ништо од нафтоводот од Русија, преку Бугарија до Грција

Русија веројатно ќе се повлече од проектот за изградба на нафтовод низ Бугарија до Грција. Според анонимни извори во Москва, руските нафтени компании Роснефт и Газпром Нефт ќе ја соопштеле оваа одлука утре во Рим. Причините за откажување од овој проект се немањето гаранции од нафтени компании дека ќе го користат нафтоводот, како и одбивањето на Бугарија да ја одобри планираната рута. Инаку, во посета на Италија е рускиот претседател Дмитриј Медведев, во чија придружба е и Алексеј Милер, првиот човек на Газпром.