Ештон: можен мировен договор до септември

Кетрин Ештон

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека сеуште е можен палестинско- израелски мировен договор до септември, иако тоа претставува предизвик. Треба да се обидеме да дојдеме до таа цел, рече Ештон, додавајќи оти поставениот рок не треба да се менува. Таа вчера престојуваше во Израел и на палестинските територии, а денеска се очекува да отпатува за Јордан.