44 милиони сиромашни поради раст на цените на храната

Светската банка соопшти денеска дека поради зголемувањето на цените на храната, 44 милиони луѓе живеат на работ на сиромаштија во земјите во развој од јуни во минатата година. Според соопштението на банката глобалните цени на храната достигнуваат опасно ниво. Трошоците за храна продолжуваат да растат на нивото во 2008 година, кога цените на храната и нафтата имаа огромно влијание врз сиромаштијата.
Министрите за финансии на групата Г20 и гувернерите на централната банка ќе се сретнат на 19 февруари во Париз.