Ерменија ќе изгради цевковод за пренос на гориво од Иран

Ерменското министерство за енергија соопшти денеска дека работата на изградба на цевководот, кој ќе пренесува гориво од Иран до земјата ќе започне оваа година. Цевководот кој ќе биде долг 365 километри на Ерменија ќе и биде атернативен извор на гориво, кој ќе ја намали зависноста од рускиот увоз на енергија, кој беше нарушен поради руско-грузиската војна во 2008 година.
Според министерството цевоководот ќе биде готов во 2013 година и Еремнија ќе добива од Иран по 1 ипол милиони литри гориво на ден во наредните 25 години.