Иванов-проблемите во општеството поради застој на евроатланскиот процес

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов при денешната посета на Љубљана изјави дека во Македонија има етнички проблеми поради застојот во евроатланскиот процес, бидејќи кога едно општество е мултиетничко, мултијазично и мултирелигиозно го обединува идејата за влез во НАТО и ЕУ. Според Иванов што повеќе се одалечува таа преспектива на земјата, се јавуваат проблеми во општеството.
Во однос на одржувањето на предвремени избори Иванов смета дека таа одлука треба да ја донесе Парламентот.