Рускиот шеф на дипломатија Лавров во посета на Лондон

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот британски колега Вилијам Хаг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во посета на Лондон за подобрување на односите меѓу двете земји. Лавров е на разговор со секретарот за надворешни работи Вилијам Хаг, а ќе се сретне и со премиерот Дејвид Камерун.
Односите меѓу Русија и Британија беа затегнати, поради меѓу другото и одбивањето на Москва да го екстрадира главниот осомничен за убиството на поранешен руски агент Александар Литвиненко во Лондон во 2006 година.