Во престрелка во Северен Кавказ-8 загинати

Кавказ

Руските медиуми соопштија дека пет осомничени бунтовници и тројца полицајци биле убиени во престрелка во Северен Кавказ. Судирот се случил на границата меѓу јужниот дел на Ставропол и Карашајево-Шеркесија во подножјето на планината Кавказ. Претходно во два самоубиствени бомбашки напади во Дагестан загинаа двајца полицајци и беа повредени повеќе од дваесет лица.