Марк Гросман на местото на Ричард Холбрук

Марк Гросман

Американски функционери соопштуваат дека државната секретарка Хилари Клинтон ќе го именува пензионираниот дипломат Марк Гросман за специјален пратеник за Авганистан и Пакистан – функција на која работеше починатиот дипломат Ричард Холбрук.
Гросман помина три децении во Стејт департментот. Беше помошник државен секретар за Европа, амбасадор во Турција и потсекретар за политички прашања. Моментно е потпретседател во консултантска фирма што ја раководи поранешниот секретар за одбрана Вилијам Коен.