Терористички напади во Дагестан

Архива: Анти-терористичка операција во Махачкала

Во два одделни бомбашки напади во едно село во Дагестан загинале двајца полицајци, а 26 се повредени. Едниот напад се случил пред полициска станица во селото Губден, каде жена самоубиец се разнела при што еден полицаец загинал, а четворица биле повредени. Другиот напад се случил два часа подоцна, крај еден полициски контролен пункт, на кој налетал бомбаш-самоубиец со возило, при што убил еден, а ранил 22 полицајци. Во главниот град на Дагестан Махачкала загинал еден исламски милитант во престрелка со безбедносните сили.