Уапсени продавачи на оружје на „лажни Талибанци“

Илустрација

Американското обвинителство обвини седуммина луѓе дека се обиделе да прошверцуваат дрога и да им продадат ракети земја-воздух на луѓе за кои мислеле дека се Талибанци. Уапсените имале неколку средби во Бенин, Романија, Гана и во Украина со американски агенти кои се претставувале како Талибанци. Петмина од групата се уапсени во Либерија и чекаат екстрадиција во САД.