Роденденска честитка за Ким Јонг-Ил од Кина

Прослава на 68-роденден на Ким Јонг-Ил во 2010 година

Кинескиот државен советник и министер за јавна безбедност Менг Јианзу му го честита утрешниот роденден на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-Ил и рече дека Кина подржува успешното решение „на прашањето за сукцесија на корејската револуција“. Честитката од Менг беше објавена од северно-корејската државна новинска агенција. Агенцијата јавува и дека Менг испратил подароци за Ким Јонг-Ил и за неговиот син, за кого се претпоставува дека е наследник на власта.