ЕУ ќе го замрзне имотот на приврзаниците на Мубарак?

Соборениот египетски претседател Хосни Мубарак

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг изјави денеска дека министрите за финансии на ЕУ ќе разговараат за замрзнување на имотот на членовите на владата на соборениот египетски претседател Хосни Мубарак.
Според Хејг египетската војска побарала Британија и другите земји да преземат мерки против седум поранешни владини лица, но не соопшти дали во нив е вклучен и Мубарак.
Во меѓувреме египетскиот синдикат на адвокатите побара од обвинителството да го испита потеклото на богатството на Мубарак, кое се проценува на десетици милијарди долари.